Уставниот суд добие повеќе надлежности, да се отстрани прагот од 40 отсто во вториот круг на претседателските избори, како и да се гарантира неотуѓивост на природните богатства и на водите, порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, во обраќањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа вели дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите.
„Претседателот мора да се однесува надпартиски, не партиски, да ја претставува државата кон внатре, кон граѓаните и кон надвор, никогаш не заборавајќи дека е таму заради државните и националните интереси а не заради својата кариера не заради својата слава. Кај нас претседателите имаат силен изборен легитимитет, речиси најсилен во компаративното право, не сум за силни надлежности и силни претседатели затоа што во отсуство на демократска традиција може да се појави опасност од некој фолклорен лик односно од некој балкански Бонапарта. Претседателката, претседателот мора да обединува, да биде проактивен а не реактивен, да се води од Копенхагенските критериуми, да ги претставува сите без оглед на етнос, вера, пол, род, статус, да биде почитуван и да почитува, да едуцира, да биде горд, да почитува соработка, мирно решавање на споровите, да има чувство, да биде емпатичен, да има регионален преглед, затоа што ако не ги брани соседите тогаш нема да го бранат ниту него. Нам ни треба скандинавизација во однесувањето“ нагласи Силјановска Давкова.
Давкова рече дека во нашиот Устав стои дека нема да се мешаме во внатрешните работи на другите држави, а цело време соседите ни се мешаат нам.
„Кое поглавје го отворивме да прашам? Зошто некој не им предочи в преговорите и разговорите за преговарачката рамка дека постојат обврски не само за неименуваната страна, туку и за првата страна, навистина шокантно“, рече Давковска во обраќањето.
Во однос тоа што треба направи идната претседателка, Силјановска Давкова истакна дека прво треба да состави еден експертски тим на врвни професори по уставно право не само одовде туку и од странство по примерот на Франција, за да го проучи Уставот во однос на генерирањето на проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме затоа што тоа е единствениот пат.
„Претседателката, претседателот мора да обединува, да биде проактивен а не реактивен, да се води од Копенхагенските критериуми, да ги претставува сите без оглед на етнос, вера, пол, род, статус, да биде почитуван и да почитува, да едуцира, да биде горд, да почитува соработка, мирно решавање на споровите, да има чувство, да биде емпатичен, да има регионален преглед, затоа што ако не ги брани соседите тогаш нема да го бранат ниту него. Нам ни треба скандинавизација во однесувањето“ нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека во Уставот се вели дека претседателот се обраќа најмалку еднаш годишно.
„Колку пати се обрати претседателот пред Собранието? Пред нова година, ама во Уставот се вели најмалку еднаш годишно. Замислете да видиме претседател кој ќе се обратеше за преговарачката рамка пред да замине за Париз и ќе се повикаше на единството, на консензусот за најважните национални прашања во македонскиот парламент. Не го стори тоа и ја урниса нашата преговарачка позиција. Треба да научиме од соседите кои се повикуваат на линиите што ги утврдиле и кои се во согласност со интересите на граѓаните“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека претседателот мора умно да го користи суспензивното вето кое може и да го превенира доколку се обрати со аргументи пред парламентот, бидејќи тоа не сме го виделе.
Силјановска Давкова запраша за тоа кој ја креира сликата на Македонија во меѓународните односи, односно кои се амбасадорите и конзулите.
„Сте се запрашале ли кој ја креира сликата на Македонија надвор во меѓународните односи? Кои се амбасадорите, конзулите? Не се чудам тогаш зошто вака се однесуваат кон нас зошто нивната слика е сликата за нас ама нашата слика не е нивната слика затоа се тие понизни кон меѓународната заедница зошто го зборуваат тоа што тие понекогаш сакаат да го чујат наместо рамноправно да дискутираат и да бараат разбирање“, децидна е Силјановска Давкова.
Заклучи дека Македонија ја доживува како една преумна, храбра, образована, културна жена. Затоа смета дека овој пример овде треба да го следи претседателката, но никогаш да не заборави на стручноста и на компетентноста.