Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, во кое деновиве пристигна новата опрема за потребите на учениците.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во ова училиште од почетокот на годината досега направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.
За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите по физичко и здраствено образование набавени се 50м2 мека подлога за заштита на учениците, наречена татами, збогатување на училишната кујна со професионални елементи, (шпорет, фрижидер и масичка). Во делот за одржување на квалитетот на образовниот процес набавени се и 3 смарт табли, кои се исполнето предизборно ветување на градоначалникот Георгиевски.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството