Намалена видливост поради магла на планинскиот премин Ѓавато

Појава-на-магла-со-видливост-до-50-метри-има-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од 50 до 100 метри на планинскиот премин Ѓавато, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK