Какви тајни крие овој закон кој Груби и партијата на зелената агенда сакаат тајно да го прошверцуваат, еднаш со европско знаме и еднаш со сицилијанско знаме, прашуваат од Коалицијата Вреди.
„Ние ќе им кажеме „Стоп“, затоа што оваа измама не смее да помине. Односно, Предлог законот на Ахметистите, во член 10, предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта. Со предложениот закон, казина може да има и во училишните дворови. Односно Член 10, прави поделба и брои само неколку видови на игри на среќа, оставајќи простор за да процветаат уште повеќе „казина – масакри“. Овој член намерно не ги покрива казината.
Со донесување на овој закон, Артан Груби наводно ќе затвори неколку обложувалници, за да му отвори пат на бизнисот на казината исклучиво за една екипа на српското подземје. Значи, да на Русија преку Србија. Уште еднаш повторувам, членот за отстранување на игрите на среќа 500 метри од училиштата, не ги вклучува казината. Значи тие не само што нема да се намалуваат, туку ќе се множат, со што ќе се зголеми бројот на апарати за да ги одерат уште повеќе граѓаните. Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население“, додаваат од Коалицијата Вреди.
Итно бараат како што велат, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувалниците, туку и казината.
„Покрај проектот „Казина во секоја уличка“, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за онлајн казина на компании каде партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот. Прашуваме јавно, вреди ли целиот овој масакр на народот?“, прашуваат од оваа коалиција.