Помошта за Појасот Газа мора да се удвои за да се избегне влошување на и онака „катастрофалната хуманитарна ситуација“, изјави јорданскиот крал Абдула Втори.
Јордан ги повикува своите западни сојузници да влијаат на Израел за зголемување на помошта што доаѓа од Јордан преку преминот Керем Шалом.
Кралот ја истакна потребата од отворање копнени премини и повеќе воздушни транспортери за помош на жителите на Газа.
Подоцна, тој се качи на јордански воен авион кој учествуваше во операцијата спроведена заедно со воздухопловните сили на неколку други земји за испуштање храна над Газа.
Во операцијата учествуваа авиони од Египет, Катар, Франција и Обединетите Арапски Емирати.