(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Видео-Јас-можам-да-се-туркам-и-на-рацете-кочанчанец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде неговиот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите како што вели, сака да ги донира за лекување за младиот Леонид Индов, кој е во Виена.


На социјалната мрежа Фејсбук, Ѓоргиев појаснува дека скутерот го добил како подарок од свој пријател од Белгија.

„Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари, слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, нему или на некој близок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам“, додава Ѓоргиев.

Упати апел до политичарите кои како што вели земаат по 2.000 евра плата.

„Само од вашите пари, по 1.000 евра да одвоите, тоа се 120.000 евра пари, и ќе го завршите проблемот и лекувањето со малиот Лео. Но тешко дека сакате да го направите тоа“, истакнува Ѓоргиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK