Трајко Вељаноски: Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање

trajko veljanovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.
Согласно чл.22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

Сите документи ( лични карти, пасоши ) служат само за индетификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите ( наспроти измените на законите ) каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.
Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот.


Со почит,
Трајко Вељаноски,
Поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија
и поранешен член на Државната Изборна Комисија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK