Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(33) од Струга поради лажно пријавување на кривично дело.
„Пријавениот, на 20.02.2023 во Струга лажно пријавил дека од стан, од кој имала клуч неговата поранешна сопруга, биле одземени пари и злато и ја посочил неа дека ги одзела“, објави МВР во дневниот билтен.