(Видео) Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е груба, но бев во право

Видео-Путин-Изјавата-на-Бајден-дека-сум-„луд-кучкин-син.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако Кремљ се огласи за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател.


Путин рече дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Тој искоментира и дека изјавата на Бајден е груба.

„Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател за Русија и судејќи според она што тој штотуку го кажа, јас сум апсолутно во право. Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден“, рече саркастично Путин на државната телевизија.

Кремљ претходно соопшти дека Бајден ги понижил САД нарекувајќи го Путин „луд кучкин син“ за време на вчерашната кампања за собирање средства во Сан Франциско. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат фразата со неговиот син Хантер Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK