Бјаден: Путин е ку*вин син

Официјално-започна-истрага-за-импичментот-на-Бајден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Џо Бајден, го нарече рускиот претседател, Владимир Путин луд ку*вин син за време на собирање средства во Сан Франциско.



Тој, исто така, го критикуваше, Доналд Трамп, дека се споредува со рускиот опозициски лидер Навални, кој почина минатата недела во затвор на Арктикот.

„Ние го имаме лудиот ку*вин син Путин и другите, и секогаш треба да се грижиме дека може да избие нуклеарна војна, но егзистенцијалната закана за човештвото е климата“, рече Бајден.

Обраќајќи им се на донаторите во приватен дом во Сан Франциско, Бајден исто така рече дека е вчудовиден од недамнешните коментари дадени од Трамп.

Трамп ја спореди сомнителната смрт на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, со неговите сопствени правни проблеми во САД. Трамп беше казнет со 350 милиони долари откако судијата во Њујорк откри дека со години лажел за своето богатство во финансиските извештаи. Трамп рече дека пресудата е форма на комунизам или фашизам.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK