Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

Гордана-Силјановска-Давкова-се-пријави-за-претседателски-кандидат-на-ВМРО-ДПМНЕ-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.


Крајниот рок за поднесување на пријави истекува денес, а како што информираат од партијата, за кандидатурата на Силјановска ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 2 март.

Гордана Силјановска Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK