Ливерпул моментално е лидер во Премиер лигата, но се соочува со големи кадровски проблеми.
По повредите на Диого Жота, Трент Александер и Собослај, Јирген Клоп во следниот месец нема да може да смета на првиот голман Алисон Бекер.
Бразилецот го пропушти мечот од минатото коло против Брентфорд, а селекторот на Бразил, Жуниор Доривал откри колку ќе трае паузата.
Алисон ќе биде надвор од терените најмалку 30 дена и нема да биде повикан за пријателските натпревари против Англија и Шпанија.
Ливерпул вечерва игра натпревар против Лутон во Премиер лигата.