ФИБА на Пјерија Хенри му изрече 48-месечна суспензија

ФИБА-на-Пјерија-Хенри-му-изрече-48-месечна-суспензија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарот на Басконија, Пјерија Хенри, минатата година под чудни околности заработи суспензија. Имено, Американецот беше суспендиран по рутинска антидопинг контрола.


Уште тогаш беше јасно дека се соочува со повеќегодишна суспензија, а сега тие шпекулации добија потврда. ФИБА на официјалниот сајт објави дека Хенри ќе мора да паузира 48 месеци, а правото на настап ќе го стекне дури на 13 јануари 2027 година.

Во јануари 2023 година, Хенри немал позитивен примерок, туку лажирал урина, односно користел синтетичка урина. Оваа ситуација го доби својот епилог нешто повеќе од една година подоцна.

Во Европа, Хенри претходно помина време во Улм, Хапоел Еилат, Тофаш и Уникс пред да се наметне како еден од најатрактивните бекови во Евролигата со Басконија, откако пристигна во тимот во 2019 година.

Сезоната 2021/22 ја помина во Фенербахче и потпиша за само неколку дена со Хјустон Рокетс пред да се врати на „Фернандо Буеса Арена“. Пред да биде обвинет дека дал лажен примерок, одигра само неколку натпревари за Басконија.

Оваа суспензија веројатно значи и крај на кариерата за Хенри, бидејќи во јануари 2027 година тој ќе има полни 34 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK