Апасиев и Ванковска ја поднесоа иницијативата за собирање потписи до ДИК

Апасиев-и-Ванковска-ја-поднесоа-иницијативата-за-собирање-потписи-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.


Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).

„Поддршката за кандидатурата на Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата“, велат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK