Ковачевски не откри со кого преговара за листите: Се работи за партии коишто се во владината коалиција со СДСМ

Ковачевски-не-откри-со-кого-преговара-за-листите-Се-работи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски кажа дека СДСМ ќе има кандидатски листи во сите изборни единици.



„Ние веќе имаме разговори со нашите коалициони партнери, секако дека ќе има разговори со политички партии кои не се традиционално дел од нашата коалиција. Доколку се најде заеднички јазик, интерес, анализите ако го покажат и го прифатат партиските членства раководства, одлуката може да биде тие листи да бидат проширени со други политички партии“, рече Ковачевски.

Тој објасни дека во моментов се работи на определување на кандидати и на листи со коалиционите партнери со кои што традиционално СДСМ оди на избори и кои се коалициони партнери, како што кажа, обезбедиле на државата и членство во НАТО и отпочнување на преговорите со ЕУ, враќање на демократијата, слобода на медиумите.

Ковачевски не откри со кои партии евентуално би имале преговори, но најави дека можеби ќе има разговори врз основа на анализи и расположението на членството да бидат во коалиција со одредена партија.

„Се работи за партии коишто се во владината коалиција со СДСМ, но не биле на заедничките листи на последните избори во 2020 година“, одговори Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK