Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Украинското-знаме-подигнато-пред-Министерството-за-одбрана.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово пред Министерството за одбрана беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година, информираат од Министерството за одбрана.


На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир.

Северна Македонија, велат од оваа институција, продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет.

Досега Владата на Република Северна Македонија донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Северна Македонија до понеделник, 26 февруари, соопшти МО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK