Синоќа во Боливија се одигра натпревар кој влезе во историјата на Копа либертадорес. Натпреварот од елитното јужноамериканско клупско натпреварување се одигра на 4.090 метри надморска височина, па постигнатиот резултат 6:1 не претставува никакво изненадување.
Во првиот натпревар од второто коло од квалификациите за пласман во Копа либертадорес, боливискиот клуб Олвејз реди (Always Ready) го пречека перуанскиот Спортинг Кристал.
Пред натпреварот сите континентални медиуми изразија загриженост дека јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ) му дозволила на боливискиот клуб да игра натпревари на својот стадион „Вила Ингенио“ во Ел Алто, кој се наоѓа на 4.090 метри надморска височина.
Имено, луѓето можат да имаат отежнато дишење на 2.100 метри надморска височина, а со оглед на тоа дека Олвејз реди игра на двојно поголема висина, јасно беше дека нивните противници немаат исти услови за игра.
Домашните фудббалери се аклиматизирани на недостаток на кислород, па не им е проблем да трчаат 90 минути без никакво оптоварување, а тоа се виде и на овој натпревар.
Резултатот на полувремето беше 1:1, а потоа во вториот дел, Перуанците останаа без сили, веќе не можеа да трчаат во непогодни услови за игра, па примија уште пет гола.
Корисниците на социјалните мрежи беа бесни на КОНМЕБОЛ по натпреварот, а најчест коментар на Твитер беше: „Дали сега ви е јасно зошто натпреварот не требаше да се игра на височина од четири километри?“
Олвејз реди, минатата сезона играа во Копа либертадорес, но домашните натпревари ги играа во Ла Паз, кој е највисоката престолнина на планетата на 3.650 метри надморска височина.
Она што е особено интересно е што гол постигна и Мојсес Паниагуа, кој со 16 години и 188 дена стана вториот најмлад стрелец во историјата на Копа либертадорес.
Los estadios con mayor altitud de los equipos participantes en la Copa Libertadores 2024 🏆⛰️
¿Opiniones? 🤔 pic.twitter.com/4FwmhNjZWk
— Out of Context Libertadores (@OoCLibertadores) February 20, 2024