(Видео) Минималец на Интер против Атлетико, ПСВ и Борусија ремизираа

Видео-Минималец-на-Интер-против-Атлетико-ПСВ-и-Борусија-ремизираа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интер стекна минимална предност над Атлетико Мадрид, а ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа 1:1 во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.


Во дербиот на оваа фаза, на „Џузепе Меаца“, Интер го победи Атлетико со голот на марко Арнаутовиќ во 79. минута. Интер профитираше од грешката на Реинилдо Мандава, која му го отвори патото кон голот на Лаутаро Мартинез, неговиот удар го одбрани Облак, но одбиената топка Австриецот ја смести во голот.

Голот на Арнаутовиќ беше награда за фудбалерите на Интер за подобрата игра во вториот дел, откако првиот мина во тактичко надмудрување.

Во Ајндховен, првиот гол го постигнаа гостите, стрелец беше Холанѓанецот Мален во 24.минута. ПСВ изедначи преку ветеранот Де Јонг од пенал во 56.минута.

Реваншите во Мадрид и Дортмунд ќе се одиграат на 13.март.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK