ССНМ: Изборот е единствен – медиумите постојат за да го пренесат гласот на граѓаните

kameri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите, особено кога коментирајќи состојби во општеството, влегуваат во сегментот на уредувачката политика на медиумите.


ССНМ смета дека е недозволиво политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи само затоа што не им се допаѓа содржината.

„Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во неговиот јавен говор пред присутните на партиска трибина директно нападна една национална телевизија поради тоа што во својата информативна програма пренела одредено расположение на граѓани, односно искажано незадоволство на студентите од висината на студентскиот оброк.

Потсетуваме дека со замолчувањето на медиумите, се замолчува гласот на граѓаните, а ваквите вербални таргетирања од политичари чијшто збор треба да има тежина може да предизвика и ограничување на слободата на медиумите.

Политичарите мора да имаат поголемо чувство за последиците од нивните јавно искажани зборови кои допираат до одреден број на нивни следбеници и со тоа создаваат атмосфера за негативни чувства кон новинарите и медиумите, кои што според искуството речиси секогаш резултирале со вербални, па дури и со физички напад врз медиумските професионалци“, велат од ССНМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK