(Видео) Новинар го праша Трамп дали се плаши од иранските дронови, тој одговори: „Ако ме погодат мене, и ти си готов“


tramp-2018-brussels-belgium-press-conference-depositphotos_238126632_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа, американскиот претседател Доналд Трамп му рече на еден новинар – кој праша дали стравува од можен напад со ирански беспилотни летала – дека и тој самиот би можел да загине во таков напад. Разговорот се одвиваше пред Белата куќа, во време кога американските разузнавачки служби предупредуваат за можни ирански планови за напад врз Трамп и високи функционери во неговата администрација, пренесува „Медиајт“.


„Дали сте загрижени дека ирански беспилотни летала би можеле да ве земат вас лично за цел?“ – го праша новинарот Трамп за време на разговор со претставници на медиумите во понеделникот.

„Повеќе сум загрижен за вас, бидејќи ако ме погодат мене, тогаш и вие сте готови“, одговори Трамп, укажувајќи на малото растојание меѓу него и новинарот.

Потоа додаде: „Чувајте се“. Забелешката на Трамп, изречена во шеговит тон, дојде по нови предупредувања од американските и израелските разузнавачки служби во врска со можни ирански напади врз американски функционери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK