Вчера на регионалниот пат Гостивар – Градец, на излезот од селото Неготино, „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од малолетник од гостиварско Сенокосе, излетал од коловозот и удрил во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски ознаки, сопственост на жител од Неготино, објави СВР Тетово.
Во несреќата, возачот се здобил со телесни, а неговиот малолетен сопатник од истото село со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.