Маскиран натрапник во неделата намерно пролеал околу 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарија, а вредноста на уништеното вино се проценува на околу 2,5 милиони евра.
Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објави новинската агенција „Европа прес“ и други шпански медиуми.
👮🏻♂ Asaltan la prestigiosa bodega de José Moro en Valladolid y vacían 60.000 litros de vino valorados en 2 millones de euros #Valladolid #GuardiaCivil
◾️ La afamada bodega Cepa 21, propiedad de José Moro, elaboradora de la DO Ribera del Duero, sufrió el pasado fin. pic.twitter.com/dL0rQz3Z0g
— CIU Cuerpos Institucionales y Ciudadanos Unidos. (@Cuerpospolicia1) February 19, 2024
Околу 3:30 часот по локално време, маскирано лице влегло во магацинот на винаријата и за помалку од една минута ги отворило чешмите на пет челични цистерни со врвните брендови Малабриго и Хоркахо, изјавија надлежните.
Додаваат дека безбедносните видео снимки покажале натрапник кој изгледа знаел како да влезе во магацинот на винаријата во престижниот вински регион Рибера дел Дуеро. Велат дека по упадот ништо не е одземено од магацинот.