Спречен шверц на 3590 таблети трамадол при контрола на автобус

Спречен-шверц-на-3590-таблети-трамадол-при-контрола-на-автобус.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, велат од Царинска управа.


„Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид“, додаваат од Царинска управа.

Како што додавааат, случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска.

„Против патникот, инаку македонски државјанин е поднесена соодветна пријава“, завршуваат од Царинска управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK