Семејството на Навални се’ уште не го добило телото, адвокатскиот тим ја обвинува руската влада дека ја крие причината за смртта

Рускиот-опозициски-лидер-Навални-почина-во-затворот-каде-ја-служеше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Смртта на најистакнатиот противник на Путин во Русија, опозиционерот Алексеј Навални, продолжува да фрла сенка врз другите светски настани бидејќи контроверзите не престануваат.


Според некои тврдења, тој не умрел во затвор од природна причина како што официјално се наведува, а семејството се уште нема пристап до телото на починатиот.

Неговиот правен тим ги обвинува руските власти дека го кријат телото за да ја прикријат вистинската причина за смртта.

Инаку, властите официјално соопштија дека Навални починал во затворот по куса прошетка, откако претходно му се слошило. На лице место пристигнале медицинските тимови, но не успеале да го спасат.

Вчера беше објавено дека на телото на Навални имало траги од модринки, кои според оние што ги виделе, најверојатно дошле од конвулзии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK