(Видео) На плоштадот во Белград целосен мрак, а од разглас се слуша говорот на Вучиќ

Видео-На-плоштадот-во-Белград-целосен-мрак-а-од-разглас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во темнината без осветлување, минувачите низ плоштадот во Белград, преку разглас можеа да го слушнат говорот на претседателот Александар Вучиќ, кој ги повторуваше неговите фрази за патриотизмот, „српската војска“ и економскиот напредок.



„Да напредуваме економски, да го зачуваме мирот, но и да не ја даваме нашата војска, нашето небо и нашата земја. И никогаш да не дозволиме некој да ни ја земе црвено-сино-белата тробојка затоа што таа е симбол на сите наши победи, тоа е симбол на нашата слобода. Да живее Србија, благодарам и честитки“, се слушаше на видеото објавено на „Икс“ од српскиот опозициски политичар Ѓорѓе Микетиќ.

„Не знам дали сте гледале некоја изведба на Орвеловата 1984, но вака изгледа во нашата реалност“, напиша Микетиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK