Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за легализација на канабисот за медицински цели.
„Претседателот потпиша предлог-закон за регулирање на циркулацијата на растението коноп за медицински, индустриски, истражувачки и научно-технички цели, со цел да се олесни пристапот на пациентите до потребниот третман за рак и посттрауматски стресни нарушувања предизвикани од војната“, се наведува во соопштението за печатот, пренесува ТАСС.
Во декември 2023 година, Врховниот совет усвои предлог-закон за легализација на марихуаната за медицински цели.
Законот стапува на сила шест месеци откако е официјално објавен.