ОН стравува: Воените операции на Израел во Рафах може да доведат до масакр

ОН-стравува-Воените-операции-на-Израел-во-Рафах-може-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските воени операции во градот Рафа во Појасот Газа, дом на повеќе од еден милион бегалци, „може да доведат до масакр“, предупреди потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс, повикувајќи го Израел „да престане да ги игнорира“ повиците од меѓународната заедница да не го напаѓа Рафах.


„Повеќе од половина од населението на Газа, повеќе од еден милион луѓе, се во Рафах и ја гледаат претстојната смрт. Тие имаат малку храна, практично немаат пристап до медицинска нега, немаат место за спиење, немаат безбедно место“, рече Грифитс, додавајќи дека израелските напади се неспоредливи „по сила, бруталност и обем“.

Грифитс рече дека ОН не можат да обезбедат хуманитарна помош за тоа население и додаде дека „воените операции во Рафах може да доведат до масакр во Газа“, како и до крај на и онака кревките хуманитарни операции.

„Немаме ниту безбедносни гаранции, ниту набавки, ниту персонал неопходен за одржување на тие операции. Меѓународната заедница предупреди на опасните последици од каква било копнена инвазија во Рафах. Владата на Израел не може да продолжи да ги игнорира овие повици“, изјави високиот претставник на ОН, додавајќи дека војната во Појасот Газа мора да заврши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK