Фудбалерите на Манчестер сити и Реал Мадрид зачекорија во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Европскиот првак и „кралскиот клуб“, на отворањето на нокаут фазата забележаа победи во Копенхаген, односно Лајпциг.
Манчестер сити забележа победа во Копенхаген 3:1. Кевин Де Брујне, кој поради повреда воопшто не играше во фазата по групи, во 10.минута го постигна првиот гол на натпреварот.
Копенхаген кој храбро му се спротивстави на Сити изедначи во 34.минута преку Матсон. Нова предност на Сити му донесе Брнардо Силва во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме, а точка на натпреварот стави Фил Фоден во 92.минута.
Реал во Лајпциг победи благодарение на ремек делото на Брахим Дијаз и голманот Лунин. Украинецот имаше седум одбрани.
Лајпциг шансите за добра резултат ги промаши во првите десет минути. Во првата минута ВАР го поништи голот на Шешко, а потоа напаѓачот на Лајпциг пропушти две добри шанси.
Решавачкито момент се случи во 48.минута, Дијаз исфрли тројца играчи на лајпциг, а потоа неодрбанливо пласираше крај немоќниот Гулаши.
Реванш натпреварите на програмата се за три недели.