Репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска добија по 76.000 евра и вила

Репрезентативците-на-Брегот-на-Слоновата-Коска-добија-по-76000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска, во неделата, трет пат во историјата станаа шампиони на Африка.

 

Во финалето, пред своите навивачи, со пресврт ја победија Нигерија со 2.1. За овој успех беа богато наградени. Секој играч доби бонус од претседателот на Републиката, Аласан Уатара, во износ од 76.000 евра и вила со идентична вредност.

Репрезентативците беа почестени и наградени на претседателската церемонија во Абиџан, а најголемата награда му припадна на селекторот Емерс Фае. Тој доби бонус од 152.000 евра, а на сите играчи и персонал му беше доделен националниот орден, највисоката чест на Брегот на Слоновата Коска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK