До овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи, информираа од Министерството за надворешни работи.
„Во врска со Патните листови, со кои нашите државјани може непречено да се вратат во земјата, потврдуваме дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање“, велат од МНР.
На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата претходно на денешна седница донесе одлука со која нашите дипломатско-конзуларни претставништва ќе започнат со издавање на патни листови без наплата на конзуларна такса. Доставата на патниот лист ќе може да биде извршена преку брза пошта.