Шефот на дипломатијата на ЕУ: САД треба да испраќаат помалку оружје во Израел

Борел-Не-гледаме-светло-на-крајот-од-тунелот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел денеска упати апел до САД да ја преиспитаат својата воена помош за Израел поради големиот број цивилни жртви во војната во Газа.


Борел потсети дека американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека одговорот на Израел на нападот на Хамас на 7 октомври е претеран и дека американските власти постојано велеле дека премногу цивили се убиени во Газа.

„Па, ако верувате дека се убиваат премногу луѓе, можеби треба да испратите помалку оружје за да спречите да бидат убиени толку многу луѓе“, рече Борел пред новинарите по состанокот на министрите за развојна помош на ЕУ во Брисел.

„Ако меѓународната заедница верува дека ова е масакр, дека се убиваат премногу луѓе, можеби треба да размислиме за снабдувањето со оружје“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK