Тамара Јованов: Се’ ова се последици на растурени семејни единици, во растурен систем, со растурени вредности!

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претепале две соученички девојче од 15 години, среде центар во Скопје!
Агресијата кај децата, тепањето, озборувањето, ситењето на другиот, зајадливоста, булингот… се’ ова се последици на растурени семејни единици, во растурен систем, со растурени вредности!

Во здраво општество, децава би знаеле дека ова не е начин на решавање конфликти; би знаеле дека не е човечно вакво нешто да снимаш; да се смееш отстрана; би знаеле дека ќе има последици; би им било гајле за другиот и за последиците!
И порано имало вакви случки, но потоа учесниците се срамеле и биле лош пример за погрешно однесување.
Сега, другите се смеат, снимаат, навиваат – учествуваат во масовниот булинг!


И го има во секое училиште, на секоја возраст, без контрола, без механизми за справување – епидемија е!
Со негрижата на возрасните се уништи секоја пристојна вредност – не кради, не лажи, не повредувај, не препишувај, читај, учи, биди вреден, биди чесен, почитувај ги другите, биди културен и учтив…
И сега, во отсутво на наши вредности, во присуство на западни “вредности” преку зависност од социјални медиуми без контрола, добиваме дивјаштво – од најголемо до најмало!
Див Запад!
Ако не учествуваш во хулиганското понашање на навреди, понижувања, озборувања, кецарошење, мрза, вејпање, вештачки лепенки по телото, пијанчење, разврат од 12 години – ти си досадниот, оној кој треба да се избегава, оној кој не чини!

Дали сме ние при свест бре во лудилово?
Виновниците за оваа болна општествена состојба заслужуваат да не мрднат од позади решетки!
А родителите сериозно да се преиспитаат каков пример се за сопствените деца и дали воопшто ги воспитуваат!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK