Собранието ги разреши министрите од Алијанса, Меџити и и Алиу – в понеделник ќе се гласаат нови

Собранието-ги-разреши-министрите-од-Алијанса-Меџити-и-и-Алиу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието синоќа со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите за здравство и за информатичко општество и администрација Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

– Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече Џафери.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK