Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев

DSC_0977-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За покажаната грижа, нега и бесплатните кардио прегледи спроведени со здравствениот караван „Здравје за сите“, претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доделија благодарници на Клиника Жан Митрев и на докторите кои ги спроведуваа прегледите. Благодарниците беа доделени од страна на претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, како и претседателите на здруженијата од сите градови од Македонија.

„Здравствениот караван“ што се одвиваше во текот на изминатата година беше дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката болница Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Тим доктори специјалисти кардиолози од Клиника Жан Митрев правеа бесплатни специјалистички кардио прегледи за пензионерите од целата држава, а целта беше да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Со активностите на караванот беа опфатени повеќе од 500 пензионери од целата држава, при што беа донирани прегледи во вредност од над 2.250.000 денари. Клиниката Жан Митрев со овој караван ја зголеми грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливите категории и оние без можност за консултации со доктор.


Караванот „Здравје за сите“ се спроведе во 2 фази. Во првата фаза беа опфатени пензионерските здруженија од 11 града од Источна и Западна Македонија. Додека во втората фаза беа опфатени 14 пензионерски здруженија од Скопје кои испратија свои членови со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK