Четири нови случаи на голема кашлица евидентирани во земјава

Четири-нови-случаи-на-голема-кашлица-евидентирани-во-земјава.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири нови случаи на голема кашлица се забележани во земјава, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.


Со тоа, бројот на заразени од голема кашлица се зголеми на 22 случаи од почетокот на годината.

Комисијата за заразни болести вчера на прес-конференција, по одржаниот редовен состанок, предложи прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, рече дека, освен деца, има хоспитализирани и возрасни.

Тој препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинки и апелираше сите кои што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK