Меган Маркл е видена за прв пат откако беше објавено дека кралот Чарлс има рак. Таа со еден потег ги налути Британците. Војвотката од Сасекс имаше насмевка од уво до уво додека возеше покрај нејзиниот дом вреден 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.
Изгледаше опуштено зад воланот на својот автомобил, криејќи го лицето со големи очила за сонце и капа, а пиеше кафе додека поминуваше покрај папараците. Фотографиите ги објави Дејли Мејл. Тоа е прв пат таа да биде фотографирана откако Хари одлета во Лондон да го посети својот татко.
Војводата од Сасекс се врати во Калифорнија по еднодневната посета на Велика Британија. Тој беше виден вчера во лондонскиот Хитроу откако еден ден претходно беше изнесен од истиот аеродром со полициско возило. Меган Маркл и децата Арчи и Лилибет останаа дома во тој период.