ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски треба да знае дека светски феномен е партија која има 13 пратеници да добие премиерско место, но се случи и тоа

ВМРО-ДПМНЕ-Ковачевски-треба-да-знае-дека-светски-феномен-е-партија.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, додека истовремено, секој ден се повеќе се интензивираат притисоците врз Таравари, а вчера беа сменети и двајца директори на оваа партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Не знае ни за физичкото насилство врз членовите на Алијанса за Албанците, не знае ни за куршумот во домот на Таравари, а денеска не ја знаел ни причината за смената на двајцата директори.

Ковачевски 2 години помина во незнаење и ништо, преќутување на криминалните бизниси на ДУИ и освен што стана привезок на ДУИ, со друго нема што да се пофали.

Светски феномен е и партија која има 13 пратеници, да добие премиерско место, но ете се случи и тоа.

Се поголем е стравот од пораз на СДС и ДУИ, како се ближат изборите, каде граѓаните ќе ги пратат во историјата но и пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK