Европска метропола погодена од циклон, се очекува снег до 20 сантиметри, со бурен ветер

Европска-метропола-погодена-од-циклон-се-очекува-снег-до-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во претходните 24 часа силен циклон од Северното Море помина над југот на Скандинавија и Данска. Донесе бурни ветрови и обилни дождови во Централна Европа и Данска, а обилен снег падна на југот на Норвешка. Циклонот сега се движи кон истокот на Европа и ќе ја зафати Русија.


Во овој момент над Белорусија се движи силен циклон од северот на Европа и на пат кон Русија уште повеќе се зајакнува.

Воздушниот притисок во центарот на циклонот се очекува да падне на 975 милибари.

Денеска ќе го зафати европскиот дел на Русија и Москва и ќе донесе многу обилни врнежи од снег, со врнежи од снег до 20 сантиметри, а се очекува и бурен западен ветер со удари од 80 км/ч. Комбинацијата од снег и бурен ветер ќе создаде снежна бура и ќе предизвика проблеми во сите видови на сообраќај.

Невремето најсилно ќе ги зафати западниот и јужниот дел на Русија и поширокото подрачје на Москва па се до југ до Кавказ и внатрешноста на Црното Море.

Со оглед на тоа дека циклонот во Русија ќе пристигне од Балтичкото Море, ќе донесе огромни количества влага и снег.

Во московската област висината на снежната покривка би можела да надмине половина метар, а третина од просечните врнежи за февруари се очекува да паднат до вечер. До петок наутро температурата ќе се спушти до -25°С во московското подрачје, а ледените денови ќе траат до крајот на неделата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK