Украина ја продолжува мобилизацијата: мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не смеат да излезат од државата

Украина-ја-продолжува-мобилизацијата-мажите-на-возраст-меѓу-18-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот парламент денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба и мобилизацијата, кои беа воведени по руската инвазија, за дополнителни 90 дена или до средината на мај.


Според неколку членови на парламентот, двотретинско мнозинство гласало за двата нацрт-закони претставени од претседателот Володимир Зеленски. Суспендирано е и одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори.

Украина речиси две години се брани од руската инвазија, а вонредната состојба им дава приоритет на армијата и воената влада. Мажите на возраст меѓу 18 и 60 години кои се подобни за воена служба можат да ја напуштат земјата само во исклучителни случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK