(Видео) Петрушевска: Oстваривме средба со студентите и поднесовме измени на законот за студентски оброк по скратена постапка

Видео-Петрушевска-Oстваривме-средба-со-студентите-и-поднесовме-измени-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим. Тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите, информира Марија Петрушевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.


Законот, како што рече, ќе се најде на утрешната седница.

„Меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен на 23 точка. Оттука ние како пратеничка група ќе побараме оваа точка да биде приоритет бидејќи законот го поднесовме во скратена постапка, односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите. И апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката“, кажа Петрушевска.

Како што додаде ќе побараат оваа точка да биде прва точка на дневен ред.

„Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите. И веднаш после тоа бидејќи истиот ќе се најде и на комисијата за финансирање и буџет како предмет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме комисијата за финансирање и буџет“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK