(Видео) Шкријељ: СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки

Видео-Шкријељ-СДСМ-обезбеди-поголеми-плати-и-подобри-услови-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминативе години СДСМ стави силен фокус на подобрување на условите во градинките и изградба на нови, низ целата држава, изјави на прес-конференција, пратеничката Санела Шкријељ.


Од 2017 година до денес, вели таа, изградени се или реконструирани вкупно 82 градинки, ширум државата, а опфатот е зголемен на над 8.000 деца.

„Изградбата и обновата на градинките носат реални придобивки, вистинска поддршка за семејствата, за родителите и најважното, за нашите најмлади, за идните генерации. Грижата за сите е одлика на социјалдемократијата а потврда за тоа е и грижата за вработените во градинките. Обезбедивме континуиран раст на платите на воспитувачките, чии примања од 2017 година до денес се зголемени за над 80 отсто. За негувателките зголемувањето е речиси 90 отсто. А за над 100 отсто се покачени примањата на помошно техничкиот персонал во градинките, за истиот период“, рече Шкријељ.

Како што додаде, поглеми плати, модерни, енергетски ефикасни и инклузивни градинки по најсовремени стандарди значи исполнување на потребите на граѓаните и вработените.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK