Кремљ го предупреди Западот да не користи замрзнати руски средства за помош на Украина

Кремљ-го-предупреди-Западот-да-не-користи-замрзнати-руски-средства.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ го предупреди Западот дека секој обид да се користат замрзнатите руски средства за собирање помош за Украина ќе биде незаконски и ќе доведе до долгогодишни судски спорови бидејќи Русија ќе ја оспори секоја таква акција.



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва дознала за овие планови од медиумите и дека ќе чека официјални соопштенија во врска со тоа.

Посегнувањето на туѓи имоти ги поткопува сите основи на економскиот систем, вклучително и економскиот систем на оние кои ќе ги спроведуваат тие одлуки“, рече Песков.

„Фајненшл тајмс“ во саботата објави дека Г7 подготвила планови за користење замрзнати руски средства за испраќање помош на Украина, објави Ројтерс.

И Блумберг објави дека постои таков план. Америка и западните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи 300 милијарди долари суверени руски средства на Запад, како одговор на руската инвазија на Украина која започна во февруари 2022 година, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK