„Не престануваме дури и по цена да не земеме плата“, Фондот за здравство спремен да не исплати никого ако се намалат нивните плати

„Не-престануваме-дури-и-по-цена-да-не-земеме-плата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите подрачни единици на Фондот за здравствено осигурување ширум земјава од утрово прекинаа со секаков вид исплата. Штрајкуваат поради препораката на Владата да им се намалат платите за 21 отсто. Шалтерите ќе останат затворени и нема да се работи на пресметки за исплата на плати во јавното здравство, капитации за матичните лекари, а нема да се реализираат ниту новите варботувања и преместувања во здравството се додека Владата не донесе нова препорака со која ќе овозможи платите на вработените во Фондот за здравство да останат на сегашното ниво.


„Доколку не се донесе ваква одлука да знаете дека вработените се толку револтирани што штрајкот нема да престане дури и по цена да не земат плата. Во моментов таква е ситуацијата. Во моментов вработените во Фонд за здравство немаат плата и не може да земат се додека не се донесе одлука од Управниот одбор. Прифаќаме само да ни остане платата на ова ниво. Ништо друго, ни цент помалку не прифаќаме. Доколку, пак, се намалат платите, штрајкот продолжува. Мене ми е жал што власта нема слух. Овој штрајк е по вина на власта и најтажно од се е што патат граѓаните. Патат оние на кои најмногу им треба буџетот од Фондот за здравство. Доколку власта не се вразуми штрајкот само ќе продолжи и ќе стане поригорозен“, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Штрајкувачите апелираат Владата на утрешната седница да стави точка на дневен ред и да го разглед нивното барање за што веќе испратиле допис до техничкиот премиер Талат Џафери. Бараат да донесат нов заклучок со препорака вредноста на бодот од 77,16 денари да остане иста до крајот на оваа година.

Претседателот Деаноски вели дека е лага соопштението од министерството за финансии дека ако не се намалат платите на вработените во Фондот, ќе нема пари за лекови за граѓаните.

„Апелирам до Министерството за финансии и кој и да го напиша она соопштение дека доколку се исплатат повисоки плати дека нема да има лекови за граѓаните, да не се случи уште еднаш такво нешто. Да не се лаже јавноста бидејќи не личи државен орган, Министерство, да игра на емоции на граѓани и да ги лаже граѓаните дека нема пари во Фондот за здравство. Сме кажале многу пати, Фондот за здравство е институција со најголем буџет во државата и Фондот за здравство секогаш има пари. Ќе има пари и да останат овие плати на вработените како што тоа го договоривме со менаџментот на Фондот за здравство. Граѓаните да бидат спокојни, дека ќе има лекови и помагала за сите“, рече претседателот Деаноски.

Претседателот на Синдикатот на Фондот, Бранко Аџигогов, вели дека утрово од почетокот на штрајкот немало никакви инциденти и проблеми со граѓаните и оти граѓаните се свесни за нивната ситуација. Добиле поддршка од сите синдикати во здравството и покрај тоа што токму исплата на платите на здравствените работници е стопирана поради штрајкот.

„Граѓаните да не се мачат воопшто да доаѓаат за барање за рехабилитација, барање за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, барањата за надомест на породилно, барања за исплата на надомест за боледувања, барањата за осигурување во странство за двојазичните обрасци и така натаму. Во другите служби со прекинувањето на работата во моментот не се врши никакви исплата ниту се обработуваат податоци за цело здравство, за сите што имаат договор со нас. Тоа е јавно здравство и огромен дел од приватното здравство. Прекинати се сите активности за договорите за вработувања во јавното здравство, префрлувањата на договорите за јавно здравство и на оние на кои треба да им се трансформира работниот однос“, вели претседателот на Синдикатот на Фондот, Аџигогов и нагласува дека иако сега треба да се прават пресметките за исплата на плати во јавното здравство, засега се е стопирано.

Шалтерите на Фондот за здравство се отворени само за пријава малолетно лице како член на осигурување, за регулирање на осигурување на хоспитализирано лице и за лекување во странство на итни случаи, а работат и комисиите за боледувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK