Абердин и Селтик одиграа 1:1, во првиот натпревар од 24.коло, во Премиер лигата на Шкотска.
Абердин и по осум години не успеа да слави над Селтик на домашен терен, но можеда биде задоволен од освоениот бод, бидејќи лидерот на табелата беше подобар на теренот и многу поопасен предд противничкиот гол.
Абердин на теренот го предводеше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец во 50.минута на брилијантен начин го заврши контра нападот на својот тим и го постигна 12 гол во првенството.
Бод за Селтик спаси Кун во 64 минута.
Абердин со два натпревари помалку има 25 поени и се наоѓа на осмото место. Селтик е лидер со 58 поени и два натпревари повеќе од Ренџерс.
🏴 Goal: Bojan Miovski | Aberdeen 1-0 Celticpic.twitter.com/UXk2AhBjJc
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 3, 2024