Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, оствари денеска средба со Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во земјава, на која, меѓу другото, беа разменети мислења околу обврските што треба да ги реализира законодавната власт во наредниот период до редовните претседателски и парламентарни избори.
Амбасадорот Силвестри прво му го честиташе изборот на Митревски за претседател на Собранието, посакувајќи му успешна работа во динамичниот период до изборите.
Митревски го информира амбасадорот дека 11.парламентарни избори што претстојат се први редовни по повеќе години, така што Собранието ќе работи во полн капацитет во периодот што следи, до почетокот на кампањата.
Претседателот посочи дека првата нова пленарна седница е закажана за 7 февруари (среда), откако новоизбраната преодна Влада го информира Собранието дека остануваат во процедура веќе доставените материјали.
Соговорниците разменија мислења околу планираните измени во Изборниот законик, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во тој контекст, Митрески информира дека ќе ги распише изборите за претседател и за нов парламентарен состав согласно роковите предвидени со Уставот и Изборниот законик, што би значело кон средината на овој месец, по што Државната изборна комисија треба да го донесе роковникот за спроведување на изборните дејствија.