Драма во Темишвар: Млад човек повеќепати бил прободен со нож во срцето, па оставен да умре на улица

Хорор-во-Букурешт-Жена-скокнала-од-5-ти-кат-паднала-врз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Млад човек по потекло од Авганистан, беше брутално убиен синоќа на улица во Темишвар.


Како што јавуваат локалните медиуми, непознат напаѓач неколку пати му зарил нож во срцето на младиот човек, а потоа го оставил да умре во локвата крв на сред улица.

На грозоморното убиство му претходела тепачка меѓу неколку лица, а полицијата околу 22 часот добила повик дека млад човек паднал на улица и лежи во локва крв.

Полицијата смета дека дошло до конфликт меѓу две групи мигранти. Иако патролите брзо пристигнале на местото на настанот, напаѓачот успеал да побегне и потрагата по него продолжува. Успеале да приведат двајца мажи, кои наводно биле сведоци на убиството.

Според првичните информации, убиениот млад човек се здобил со најмалку три убодни рани во срцето.

Лекарот кој бил на лице место рекол дека забележал и убодна рана на грбот.

„За жал, не можевме да направиме ништо“, изјавил лекарот од итната помош.

Недалеку од местото на злосторството, полицијата наводно го пронашла ножот со кој е извршено убиството, како и крвавиот стап што бил употребен во тепачката.

Мештаните велат дека мигранти се населиле во неколку куќи во областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK