Казни за 137 возачи во Скопје

188-санкции-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.


Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон.

МВР со најава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедност во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK