(Видео) Депај погоди со помош на Димитриевски, Атлетико го победи Рајо Ваљекано

Видео-Депај-погоди-со-помош-на-Димитриевски-Атлетико-го-победи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Барселона забележаа тешки победи во заостанатите натпревари во шпанската Примера. Атлетико го победи Рајо Ваљекано со 2:1, а Барселона со 1:0 славеше против Осасуна.


Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, поради густиот распоред во кој се наоѓа неговиот тим, реши да го почне натпреварот со комбиниран состав и за малку тоа можеше скапо да го плати.

„Јорганџиите“ дојдоа до предност со голот на Мандава во 35.минута, а Рајо изедначи од првата добра акција на мечот преку Кике Перез во 42.минута.

Прирезултат 0:0, поради офсајд беше поништен голот на Анхел Кореа.

Во вториот дел, Симеоне во игра ги стави Гризман, Коке, Де Пол, Лино и Молина, но Атлетико никако не успеваше да го пробие бедемот пред голот на Столе Димитриевски.

Постигна Депај гол во 80.минута, но тој беше поништен поради милиметарски офсајд.

До победата домашните дојдоа во 91.минута. Гризман доби воздушен дуел со Чеверија, играчите на Рајо бара фаул, фрнацускиот репрезентативец испрати топка по земја на која меѓу двајца противнички играчи налета Депај и со помош на Димитриевски постигна гол.

Барселона повторно се мачеше, не блескаше, но како и во Суперкупот забележа минимална победа над Осасуна. Единствениот гол, прв за него во дресот на Барселона го постигна Витор Роке во 63.минута.

18-годишниот Бразилец во игра влезе 65 секунди пред постигнувањето на голот.

Атлететико и Барселона имаат по 47 поени, осум помалку од лидерот Џирона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK