Пет лица во различни градови, искасани од кучиња скитници

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Мирка Угринова Гина“ во Кичево Д.Д.(84) бил каснат од куче скитник.



Истиот ден, Б.Ц.(57) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Индустриска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 30.01.2024 во 19.00 часот и во Полициската станица Велес, А.С.(20) од Скопје пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 12.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Л.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Социјалистичка зора“ во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (31.01.2024) во 01.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(44) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK