Италијанскиот гигант Јувентус е на прагот да ја официјализира соработката со аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз, пренесува „инсајдерот“ Фабрицио Романо.
Фудбалерот на Саутемптон кој има исто име и презиме како популарниот шпански тенисер, во среда доколку ги помине лекарските прегледи ќе стане нов играч на „Старата дама“.
Интересно е што фудбалерот Карлос Алкараз е само шест месеци помлад од поранешниот број еден на АТП листата и двократен Грен слем победник.
Како што стојат работите во моментов, Алкараз прво ќе дојде во Торино како позајмен играч, а Јувентус ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Алкараз е играч од редот за врска има 21 година, а во 2023 година дојде во Саутемптон од Расинг.